Тврди дека доаѓа од 2075 година: „Знам кога и кој ќе ја започне Третата светска војна“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во последно време, во светските медиуми, се појавија необично голем број луѓе кои тврдат дека доаѓаат од иднината и носат важни пораки за човештвото.

Најновиот „повратник“ од иднината, кој се претстави како Мајкл Филипс, тврди дека е роден во 2043 година и дека допатувал во нашето време од 2075 година, за да го предупреди човештвото на скорешниот почеток на Третата светска војна.

Во видеото објавено на YouTube каналот Apex TV, тој раскажува дека во 2019 година ќе се случи кратка нуклеарна војна помеѓу САД и Северна Кореа, која ќе заврши откако Американците ќе го убијат Ким Јонг-ун.

Последиците од тоа наводно ќе доведат до Трета светска војна, во која Русија и Кина ќе војуваат против Велика Британија и САД.

„Ќе се вклучат уште неколку земји, но тоа ќе биде доста кратка и брутална војна. Ќе трае само три години. Ќе загинат милиони луѓе, а ќе биде користено и нуклеарно оружје со ограничен капацитет“, тврди Филипс.

Тој, исто така, вели дека Доналд Трамп ќе освои уште еден претседателски мандат во САД, а дека ќе загуби на претседателските избори во обидот за трет мандат. За претседателка, како што тврди Филипс, ќе се кандидира и Опра Винфри, но нема да успее да се всели во Белата куќа.

„На власт ќе дојде човек кој се вика Мајкл Мекинтош, но тоа ќе се случи во доцните ’20-ти години од 21-от век“, вели тој.

Отприлика во исто време, „Спејс Екс“ од Илон Маск наводно ќе се спушти на Марс и ќе започне подготовки за колонизација.

„До 2032 година ќе имаме бази на Марс и на Месечината, а до моето раѓање во 2043 година ќе добиваме ресурси од други планети во Сончевиот систем“, вели Мајкл.