Тврдат дека е во љубовна врска со Џулијан Асанж – еве што одговори Памела Андерсон


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Бившата ѕвезда од серијата Baywatch, Памела Андерсон, го посети основачот на Викиликс, Џулијан Асанж во еквадорската амбасада во Лондон.  После тоа, таа одговори на написите од таблоидите дека е во врска со Асанж велејќи дека „сите заслужуваат љубов“.

Асанж од 2012 година живее во политички егзил во еквадорската амбасада во Лондон. Според одредени наводи, Асанж и Андерсон прв пат се сретнале во 2014 година, кога познатата актерка и старлета во амбасадата ја воведе Вивиен Вествуд.

На гласините дека тие двајца се во врска, Андерсон одговори: „Џулијан Асанж се обидува да го ослободите светот со образование. Тоа е романтична борба  – го сакам поради тоа“.

Таа истакна дека ја разбира љубопитноста во врска со нивниот однос, и дека тоа би можело да го сврти вниманието кон неговата ситуација, но дека не сака да зборува за приватни детали.

„Да речеме дека сите заслужуваат љу бов“, истакна Памела.

Опишувајќи го својот однос со Џулијан како „предизвикувачки“, поради околностите, Андерсон рече дека за време на средбите разговараат за светот.

„Тој е доста добар учител. Џулијан ми е еден од за мене омилените луѓе. Тој е бегалец. Тој е можеби најпознатиот бегалец на нашето време, популарен токму поради прогонот“, изјави Памела за People.