Тврдат дека бил плагијатор: Зарем и Шекспир „препишувал“?


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Според програмата со која се проверува автентичноста на делата од учениците и студентите и дали тие копирале текстови и дела од други луѓе за потребите на своите состави, есеи и семинарски работи, покажала дека необјавен ракопис од 1567 година, најверојатно, служел како извор за повеќе од 20 делови на драми од Вилијам Шекспир.

Независниот научник Денис Мекарти и професор на колеџот „Лафајет“, Џун Шлитер сметаат дека делото на Џорџ Нот со наслов „Кратка дискусија за бунтот“ служело како инспирација за неколку познати дијалози во делата на Шекспир, откако тие биле тестирани од страна на програма за детекција на пгагијати „WCopyfind“.

Во повеќе од 20 пасуси, вклучувајќи ги пророштвото во трагедијата „Кралот Лир“ и споредување на раси кучиња со различни класи на луѓе во „Магбет“, научниците го препознале делото на Норт.

„Досега ниту еден експерт за Шекспир не го проучувал ракописот и веројатно малку кој го прочитал. Нашата анализа, сепак, покажува дека оваа дебата не е само единствен постоечки, најверојатно некопиран, документ кој битно влијаел на канонот на Шекспир канон, туку и еден од текстовите кои најмногу влијаеле врз него“ – пишуваат научниците во новата книга објавена во соработка со Британската библиотека .

Како пример научниците го наведуваат воведниот монолог на војводата од Глостер во претставата „Ричард Трети“, каде што програмата открила осум термини кои се „многу блиску еден до друг“: стакло, пропорција, убаво, одлика, деформиран, свет, сенка и природа. Овие зборови – кои се појавуваат меѓу 77 зборови во ракописот на Норт и меѓу 92 зборови во делото на Шекспир – биле пропуштени низ базата на податоци од 60.000 англиски дела, но Мекарти и Шлитер во ниту едно не успеале да најдат пасус од 200 зборовиво кои се појавуваат на овие осум зборови.

Научниците тврдат дека веројатноста за случајно преклопување на овие поими е една во милијарда.