Турскиот министер за надворешни работи во посета на Македонија


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Министерот за надворешни работи на Република Турција, Мевљут Чавушоглу денеска ќе престојува во работна посета на Македонија.

Министерството за надворешни работи соопшти дека Чавушоглу ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Димитров. На средбата се очекува да бидат разменети мислења за билатералните односи и за можностите за унапредување на соработката во повеќе области, со посебен акцент на натамошното продлабочување на економската соработка.

Двајцата министри ќе разговараат и за актуелните теми во регионот и пошироко, како и за соработката на меѓународен план.

Во рамки на посетата предвидено е министерот Чавушоглу да биде примен од претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и од премиерот Зоран Заев.

Министрите Чавушоглу и Димитров ќе присуствуваат и на Ифтар вечера која во чест на турскиот министер за надворешни работи ќе ја организира Амбасадата на Република Турција во Скопје.