Туристите лудуваат по него: Ова е најубавото село во Франција


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Местото Кајзерберг е прогласено за најубаво село во Франција, објави Lonely Planet.

Победникот го бирале учесниците во анкетата спроведена во емисијата Village prefere des Francais на каналот Франс 2.

Ова преубаво средновековно село, сместено во Алзас во североисточнот дел на Франција е познато по своите куќички на дрво, улици прекриени со калдрма и околната природа, која го одзема здивот.

Кајзерберг е исклучително популарен поради својата фантастична архитектура, улици погодни за прошетка и исклучително љубезно локално население.

Селото претходно привлекуваше голем број туристи, но откако е прогласено за победник, интересот е уште поголем.