Вебкафе

Црковен секс скандал: Фатална Босанка имала секс и уценувала католички свештеник


Досега незапаметен скандал ја тресе католичката црква во Босна и Херцеговина.

Откако три лица беа уапсени под сомнение дека од свештеникот од Модриќ со иницијали И.К., во подолг период, со уцена извлекле околу 250.000 конвертибилни марки, испливаа информаци дека мозокот на целата операција била познатата босанска каратистка Сашка Ковачевиќ.

За уцената и изнудата осомничени се и Александар Васиљевиќ (27), неговата девојка Сашка. Сета таа контроверзна сплетка започнала уште кога Сашка како 16-годишна малолетничка му побарала на заем 7.000 босански марки на свештеникот и кои ги добила од него.

Свештениот, како што вели тој, сето време откако се познавале се обидувал да ја извлече Сашка од лошото друштво во кое западнала. Кога наполнила 20 години, Сашка, која и претходно го терала свештеникот да има секс со неа, му рекла дека го сака и дека сака да имаат сексуален однос.

Свештеникот тврди дека упорно се противел на нејзиниот предлог, но дека сепак се согласил да се сретнат во жупната куќа, во која тој тогаш престојувал. Пиеле алкохол, а таа цело време настојувала да имаат секс, па на крајот завршиле во спалната соба.

„Го врзала со лисици за столот, а преку главата му ставила фантомка под изговор дека се срами тој да ја види гола“, се наведува како објаснување во предлогот за притвор кој е даден за осомничената.

И.К. во тие моменти наводно чул уште некои чекори во собата, па се посомневал дека со нив е и трето лице, а кога прашал дали има уште некој тука, Сашка одговорила дека нема. Тогаш тие имале „краток секс“, признава И.К.

Меѓутоа, еден месец подоцна за свештеникот започнал вистински кошмар. Тогаш тој дознава дека во споменатата ситуација имал секс со друга девојка, а Сашка сето тоа го снимала со намера да го уценува свештеникот со снимката и од него да извлече пари. Најпрвин барала 30.000 босански марки, кои тој одбил да ги плати бидејќи знаел дека на снимката не му се гледа лицето.

Три месеци подоцна свештеникот и Сашка повторно се среќаваат во еден ресторан, а таа на соседната маса му покажува една девојка и тврди дека токму таа била девојката со која тој имал секс. Тие се запознале, размениле броеви и после три дена девојката отишла кај него на пијалок.

Таму пиеле вино, а И.К. во изјавата тврди дека после само една чаша се почувствувал дрогирано. Девојката го искористила тоа, се качила врз него и имале секс. Утрото му се јавила и барала од него 100.000 босански марки за снимката од нивниот секс да не излезе во јавност.

Свештеникот кај Сашка за тоа во неколку наврати исплатил 156.000 конвертибилни марки, а за таа цел наводно позајмувал пари од пријатели, па дури и подигнувал кеш од своето животно осигурување.

Минатата година Сашка повторно го побарала свештеникот, но тој веќе не сакал да има ништо со неа. Таа го убедувала дека го сака, дека сака да се омажи за него и дека ќе му ги врати сите пари.

Кога видела дека ништо не постигнува со нејзините убедувања, почнала да нарачува бунди, скапа гардероба и мобилни на негова адреса, па му велела дека мора да го плати сето тоа за да нема проблеми. Тогаш и му кажала дека е во врска со Васиљевиќ и двајцата почнале да го уценуваат свештеникот.

Тој на Васиљевиќ му исплатил 60.000 босански марки и четири илјади евра, а му го дали својот Ауди А4. Уцените и заканите со сè и сешто продолжиле и во наредните месеци, па кога свештеникот веќе не можел да издржи, случајот го пријавил во полиција.

На осомничените Основниот суд во Добој им пресуди едномесечен притвор, кој бил продолжен за уште два месеци.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top