Ципрас и Борисов во Белград: Мора да го решиме прашањето за името на Македонија!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Постојат реални и позитивни очекувања во скоро време да се најде решение за отвореното прашања околу спорот со името доколку земјата се откаже од тезата дека нејзините граѓани се единствени наследници на Александар Македонски изјави денеска Грчкиот премиер Алексис Ципрас од Белград. На средбата со неговите колеги од Бугарија, Србија и Романија тој истакна дека сака Македонија и Грција заеднички да соработуваат во иднина, пренесува ТВ24.

„Ако тие се откажат од реториката и изјавите дека се тие единствените потомци на Александар Македонски и од своите иредентистички тврдења, тогаш можеби и би можеле да најдеме некое заедничко решение. Ние сакаме да направиме иднина во која сите мирно заедно ќе живееме и ќе соработуваме. Тоа што не дели е помало и го има помалку во однос на тоа што не соединува.“ – изјави Алексис Ципрас, премиер на Грција.

И бугарскиот премиер Борисов по однос на ова прашање порача дека двете земји мораат да изнајдат заедничко решение. Тој додаде и дека не е време за задавање на дополнителни ултиматуми туку за носење правилни и вистински одлуки.

„Прашањето за името меѓу Македонија и Грција мораме да го решиме. Мора да се обединиме и да и помогнеме на Европската комисија да му помогне на Брисел да донесат правилни одлуки, а не да поставуваат некакви ултиматуми“ – изјави Бојко Борисов, премиер на Бугарија.

Инаку, на средбата во Белград каде балканските лидери разговараат за сменување на името на Македонија, нема претставник од нашата влада.