Циметот е магичен зачин: Освен што ќе се откажете од зависноста по благи работи, еве што уште може да направи со вас


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Циметот е еден од оние зачини кои можеме да ги третираме како магични. Лековит е се смета за вистински зимски зачин. Асоцира на неодолива пита, греено вино, а токму тоа е пријателот на витката линија. Затоа почетокот на пролетта е вистинско време за што повеќе внимавате на својата исхрана.

Дијабетес

Циметот го регулира метаболизмот, со што ја подобрува чувствителноста на хормонот инсулин кој е одговорен за транспорт на шеќерот од крвта во келиите. Го намалува шеќерот во крвта, значајно ја подобрува апсорпцијата на глукозата, но делува побавно од инсулинот и така помага и во превензија на дијабетес тип 2.

Енергија

Циметот го подигнува нивото на енергија. Додадете малку во утринското кафе, снегулки, смути, чај или посипете на тост намачкан со мед.

Рак

Истражувањата докажуваат дека заштитува од рак, намалувајќи го растот на туморските келии.

Слабеење

Истражувањата велат дека циметот е подобар избор за забрзување на метаболизмот од чилито бидејќи има поприфатлив вкус. Внесете дневно една до две лажички и ќе ја приметите разликата и тоа без многу труд.

Заби

Овој зачин може да ја ублажи инфекцијата на забите. Помешајте малку цимет и мед па нанесете директно на забот кој ве боли. Држете 10тина минути и голтнете или исплакнете.

За подобар сон

Загрејте млеко, додадете стапче цимет, поклопете и оставете да стои 10 минути. Испијте го тоа барем еден час пред спиење.