Цел свет братски посватен: Словенците не се сватови само со Белата куќа, туку и со Ватикан


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Словенците преку Меланија Трамп имаат сватовски врски со Вашингтон, но помалку е познато дека посредно се во сватовски врски и со Ватикан, бидејќи еден Аргентинец од словенечко потекло е оженет и со една од внуките на папата Франциск, откриваат словенечките медиуми.

Сега 52-годишниот Владимир Јуриј (Хорхе) Воршич, чијшто татко со исто име во 1945 година од Љубљана преку Австрија со семејството се иселил во Аргентина, се оженил во 2003 година со Марија Инес, со моминско презиме Нарваја, со којашто има три деца, правници на сегашниот папа Бергољо, пишува весникот Slovenske novice.

Врската на папата Франциск со словенечката дијаспора во Аргентина и неговите симпатии кон оваа заедница ги откри поранешниот надбискуп на Љубљана, кардиналот Франц Роде, кој долги години живееше во Аргентина, а Марија Инес Воршич минатата седмица била во посета на родниот крај на својот сопруг и го честитала 95-годишниот роденден на бискупот Јожеф Смеј со кој аргентинските Воршич се исто атка роднински поврзани, пишува словенечкиот верски неделник Družina”.