Цар од професор: Се „отцепи“ од Велика Британија и куќата си ја прогласи за „независна република“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Британскиот универзитетски професор во пензија, д-р Вилијам Ричис (77) од Њунам во областа Глостершир, ја прогласи својата куќа за „независна република“ и се отцепи од Велика Британија, во знак на протест поради Брегзитот.

Одлуката да се „отцепи“ професорот Ричис ја објаснува со несогласувањето со истапувањето на Велика Британија од ЕУ.

Тој и неговата сопруга живеат во малото место Форест оф Дин, каде 59 отсто од жителите на референдумот на 23 јуни минатата година, се изјаснија против Брегзит и за останување на земјата во Унијата.

Ричис е лут на конзервативната Влада во Лондон, за која вели дека „целосно ги игнорира гласовите и определувањето на 48 отсто од Британците“, кои лани гласаа против напуштањето на ЕУ.

Овој поранешен професор не ја одобрува таквата политика на Владата, па затоа и се определил за „отцепување од Британија“, затоа што „не гледа повеќе перспекива за себе во земја надвор од Унијата“.

Неговата независна држава-куќата во која живее ја нарече „Независна Република Мидлвоч“. Кујната сега е седиште на Владата на отцепената држава, а сопругата Џудит е нејзин претседател.

Со сопругата се договориле да издаваат визи за влез во куќата-држава и за тоа на Британците и на сите други ќе им наплатуваат по 50 фунти.

– Не сум против демократијата, но не се согласувам целосно да се игнорира мислењето и позицијата на поразеното малцинство, па во такви услови единственото решение е прогласување независност од Британија, изјавил Ричис за локалните медиуми.

Ова не е прв ваков случај во британската пракса. Уште во 1967 година една напуштена воена платформа во Северно Море карј брегот на Источна Англија, беше прогласена за „Кнежевство Силенд“.

Една улица во западен Лондон и нејзината најблиска околина пред дваесетина години беа прогласена за „Народна Република Фрестонија“, откако жителите не се согласија со тогашните лондонски власти и политикта што тие му ја нудеа на тој дел од британскиот главен град.

Во 2012 година, едно мало островче крај брегот на Есекс за еден ден прогласи независност во текот на одбележувањето на Дијамансткиот јубилеј на кралицата Елизабета.

Медиумите откриваат дека од ланскиот референдум, па досега, над 180 илјади лондончани ја потпишале петицијата за отцепување на Лондон од остатокот на Велика Британија. Една таква „држава“ веднаш би имала околу десет милиони жители.