Тројца на Ургентен по тепачка во автобус од ЈСП кај Бит пазар


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


МВР синоќа излезе со соопштение за инцидентот во автобусот на ЈСП на Бит пазар. „Околу 21 часoт пријавено е дека на булeварот „Крсте П. Мисирков“ на постојката кај 26-ти јули во автобус на ЈСП бр. 50 од повеќе лица бил нарушен јавниот ред и мир и притоа биле нападнати и патниците кои биле внатре во автобусот“, пишува во соопштението.

„Нарушувањето започнало на горниот кат од автобусот каде што настанала тепачка, која потоа продолжила и на долниот кат од автобусот. Едно од лицата учесник во тепачката го фатил воланот на возачот и предизвикал сообраќајка односно автобусот удрил во приватен автобус бр. 20“, се додава во соопштението.

МВР соопшти дека откако биле отворени вратите од автобусот, лицата продолжиле со тепачката на самата постојка, но по пристигнувањето на полициските службеници лицата се разбегале во различни правци. Повредени се три лица кои со возила на итна медицинска помош се префрлени во Ургентен центар. Засега е приведено едно лице Р. Б. МВР презема мерки за целосно расчистување на случајот и идентификација на сите учесници во насилството.