Трикови кои ќе ве направат да изгледате како фотомодел на фотографиите


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


За сите девојки кои сакаат да позираат и да се фотографираат, но никако да сфатат зошто нозете не им изгледаат беспрекорно како на супермоделите, овие трикови ќе им ги разјаснат недоумиците.

Многу е важно да заземете добра поза која ќе ве прикаже послаби и ќе додаде неколку сантиметри привидна висина. Во добата на социјалните мрежи сè се сведува на „клик“ и „лајк“, па за среќа, за сите девојки кои се грижат за вакви работи имаме неколку совети кои ќе им помогнат на фотографиите да изгледаат попривлечно и подоминантно.

1. „Голи“ стапала

Ништо не ги издолжува нозете како чевли со боја на кожа и тоа е трик кој вреди да го искористите. Истото правило важи и за сандалите, чизмите и другите обувки, а ефектот е видлив дури и кај рамните обувки со боја на кожа кои создаваат илузија на босо стапало и издолжени нозе.

2. Благо свиени колена

Ако носите фустан или здолниште до колена, тогаш оваа е вистинската поза за вас. Застанете исправено со споени нозе, па едната благо исфрлете ја на страна и свиткајте ја во коленото. Така свитканата нога ќе избие во прв план и ќе изгледа послаба и подолга.

3. Носете панталони со висок струк

Овој тренд кој долго беше исмеван се врати со брзина на светлината на модните писти. Не знаеме ниту зошто излезегоа од мода, бидејќи ваквите панталони се ласкави за женската фигура. Ефектот е висок ако ги искомбинирате со високи потпетици.

4. Праќајте бакнежи

Позата во која со горниот дел од телот сте наведнати кон напред, додека задниот останува во позадина, создава оптичка илузија на витки нозе.

A post shared by N I N A S U E S S (@ninasuess) on

5. Ѕвонарки и виоски платформи

Идеално би било да носите панталони кои целосно ги покриваат платформите кои ги носите, така што ќе изгледате како да имате долги нозе. Овој трик го користи и Викторија Бекам која важи за модна икона.

A post shared by Alyssa Rara (@badgalrara_) on

6. Лежете кога ја сликате цела фигура

Полесно се создава илузија на долги нозе кога лежите. Постојат неколку пози кои даваат таков ефект, а најсигурна е онаа со странично испружени нозе, префрлена една врз друга. Така вашите колкови ќе изгледаат позаводливо и ќе добиете фигура „песочен часовник“.

A post shared by Tatii (@fashionista_east) on

7. Нога пред нога

За да ви изгледаат високи и витки нозете, сè што треба е кога се фотографирате со едната да направите чекор напред, како да сте во од.