Живот

Три најдобри совети ако сакате да го забрзате резултатот од теретана


Ако вежбате во теретана, или пак дома, а не знаете како да го извлечете максимумот и најбрзо да дојдете до резултатите, овие три совети на одличен начин ќе ви помогнат во тоа.

Засилете ги интервалите

Ако се загревате со бавно темпо, а вежбате со оптимална брзина – тогаш забрзајте го процесот на тоа систематско менување на темпото и оптеретувањето. Секој заклучок за тоа води до само едно – колку повеќе го шокирате своето тело со нагли промени, толку побрзо ќе дојдете до саканите резултати, бидејќи така на максимален начин го забрзувате својот метаболизам. Оној дел кој ги согорува калориите и оној кој е задолжен за растот на мускулите, особено ако притоа го нахраните со добро „гориво“ во правилен тајминг, ќе направат вашето тело да работи за вас и долго време после вежбањето.

Менување на интензитетот

Ако обично вежбате интензивни вежби во наизменични интервали, со паузи, обидете се понекогаш вежбите да ги правите без одмор. Односно, наместо одмор, правете вежби со понизок интензитет. Секако, нема да можете така долго да издржите, но тоа е и суштината – краток, интензивен тренинг за брзи резултати.

Зголемете го товарот

Ако не вежбате со тегови – сега е време да ги земете. Ако вежбате – земете малку потешки тегови од обично, така што дополнително ќе го зголемите растот на вашите мускули.


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top