Три малку контроверзни нешта кои експертите советуваат да ги правите пред децата


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кога станува збор за воспитувањето на децата, обично се нудат совети и листи со нешта кои не треба да ги правите пред вашите клинци. За разлика од нив, тука ви пренесуваме малку поинаков текст во кој го правиме токму спротивното – совети што морате да правите пред вашите деца.

Постојат одредени нешта кои едноставно се непримерни за пред деца, па во тој поглед секогаш треба да бидете вниматални како родители. Од друга страна, пак, постојат и некои ситници кои никако не треба да ги криете од вашите деца, туку напротив, треба свесно и отворено да ги правите пред нив и тие тоа да го гледаат од мали нозе и да го перцепираат како нешто нормално.

Разговор за семејниот буџет

Повеќето родители сметаат дека не е добро пред децата да се прават муабети за пари, особено ако станува збор за некој кризен период низ кој поминува семејството. Разговорите со децата за финансиите, состојбата во која се наоѓа семејството, во суштина, се здрави и никако не треба да бидат табу тема која ќе се избегнува пред децата, велат дел од експертите.

Децата треба да имаат некое знаење за приходите кои се слеваат во куќата, бидејќи парите никако не треба да бидат мистерија за нив. Со тоа, децата ќе бидат подготвени за она што го донесува реалниот живот.

Пример, ако детето го пратите на факултет, а не знае колку чини струјата и водата, или колку пари воопшто одат на храна, сте им направиле лоша услуга со тоа што сте ги лишиле од таквите сознанија. Исто така, ако семејството минува низ тежок период кога се во прашање финансиите, шепотењето за таа состојба само ќе ја влоши ситуацијата. Следен пат кога детето ќе ви побара да му купите патики, наместо да викате, ќе му објасните за што точно станува збор и зошто нешто можете, а нешто не можете да му купите.

Кавга пред децата

Можеби повеќето од вас ќе се згрозат при овој совет, но кавгите пред децата се нормална работа, дури се и пожелни, тврдат некои експерти од областа на домашната психологија. Секако, со тоа не се мисли на грди кавги со тешки навреди и погрдни зборови, многу викање и злоба, туку аргументирани расправи на кои децата е пожелно да присуствуваат. Кавгите на овој начин пред децата ќе им покажат дека расправиите се составен дел од односите кои го исполнуваат животот.

Некои парови се караат доста ретко, додека некои се караат буквално на дневна основа – секој брачен пар има различен меѓусебен однос. Иако, нормално, не е препорачливо секогаш да се карате пред децата, имајте на ум дека, од друга страна, долку во целост го избегнувате тоа, ќе им создадете лажна слика за животот. Треба да внимавате на причините за кавгата која ќе ја започнете пред детето, а доклку токму децата се причина за кавгата, тогаш најдобро е такви муабети воопшто да не правите пред нив.

Покажување емоции

Вратете се за миг во вашето детство и сетете се како вие сте реагирале кога вашите родители ќе се бакнеле или ќе покажеле било каква друга нежност пред вас. За да нема несакани реакции на љубомора и слично, разменувањето на емоциите меѓу родителите пред децата треба да биде честа и редовна појава.

На децата треба да им се покаже нормален и реален живот на двајца возрасни. Ништо не треба отфазла да се разубавува и да се преправате во нешто што не сте. Од мали нозе на вашите клинци покажете им како изгледа животот на возрасните и подгответе ги на она што веројатно ги чека во иднина.