Три децении живее со неколку тони ѓубре во својата куќа


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Осумдесет и тригодишниот вдовец Џон од Лутон, Англија, цели три десетлетија живеел во куќа полна со смет, што го „собирал“ сиве овие години.

Неговата дневна и софата биле целосно затрупани во ѓубре, така што тој морал да гази и да лази врз ќесите за да легне на оној мал слободен простор од креветот. „Екстремните чистачки“ Џазмин и Максин од шоуто на ITV, „Call the Cleaners” го посетиле старецот по повик од неговиот син Питер, кој очајно сака да му помогне на својот татко и да не мора да го префрли во старечки дом.

Со помош на четири помошни чистачи, тие успеаја да ја исчистат куќата, и по три дена таа веќе изгледаше како нова. Џон доби и нов кревет.

„Сега можеме да му купиме и нови теписи, а и внуците ќе го посетуваат. Ќе има посреќен живот, оти и неговиот друштвен живот ќе се подобри“, вели неговиот син заблагодарувајќи му се на тимот.