Треневски најави нова победа против Тре Пене


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Екипата на Работнички утре ќе го игра реванш натпреварот против Тре Пене, претставникот на Сан Марино, во рамките на првото квалификациско коло од Лигата на Европа.

Триумфот од 1:0 по првиот меч е солидна предност, но тренерот Виктор Треневски најавува нова победа на Работнички и во Скопје.

„Нашата цел е да оствариме уште една победа над Тре Пене и да се пласираме во следната рунда. Го респектираме противникот, не се тие наивен тим, но ние сме уверени во нашите квалитети и посакуваме нов триумф. Доколку наметнеме наше темпо, мислам дека Тре Пене тоа нема да може да го следи. Сепак, нема веќе „рибари“ во европските купови, видовме дека може да загуби и Глазгов Ренџерс, па максимално сериозно му приоѓаме на мечот“, изјави Треневски.

Натпреварот меѓу Работнички и Тре Пене ќе се игра утре, со почеток во 17:30 часот, на комплексот „Петар Милошевски“ во Куќата на фудбалот.