Тренерот на Динамо Загреб нападнат и претепан пред својата зграда!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тренерот на фудбалскиот клуб Динамо Загреб, Марио Цвитановиќ бил претепан доцна синоќа пред влезот на зградата во која живее.

Двајца маскирани напаѓачи вооружени со палки го нападнале Цвитановиќ пред влезот на зградата, соопштија од полицијата.

Цвитановиќ се враќал дома по натпреварот од Купот на Хрватска, кога на паркингот пред зградата во која живее го чекале двајцата напаѓачи кои го претепале со палки.

По нападот, Марио Цвитановиќ бил примен во болница. Од нападот тој се здобил со скршеница на подлактицата, а имал и помали повреди на повеќе места.