Филм / ТВ

Трејлер за A Cure For WEllness – нов филм на режисерот на култниот хорор The Ring


„A Cure for Wellness” е новиот американско-германски психолошки трилер кој го потпишува режисерот на култниот хорор филм The Ring, Гор Вербински.

Во филмот на сценаристите Вербински и Џастин Хајт, актерите Ден ДеХан, Миа Гот и Џејсон Исакс на своите рамена ја носат приказната за младиот високопозициониран член на голема компанија кој заминува по својот директор кој предолго се задржал во швајцарски велнес центар.

Тој набрзо открива дека велнес центарот не е пријатески настроен кон своите гости, а набрзо пред неговите очи се развива вистинската и застрашувачка вистина за наводната болест на која никој не е имун.

Премиерата на филмот е закажана за 17 февруари.



Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!