Трансферот на Емре Чан во Јувентус зависи од…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Евентуалниот трансфер на Емре Чан во Јувентус зависи од елиминацијата на Ливерпул во Лигата на шампиони, тврдат италијанските медиуми.

Германскиот репрезентативец ги стопирал преговорите со „старата дама“, очекувајќи го исходот од ЛШ, односно до каде ќе стигне неговиот тим во најелитното европско натпреварување.

На овој начин Емре Чан, на кого договорот му устекува на крајот на сезоната ќе се обиде да ги избегне шпекулациите за неговата иднина и со тоа да го дестабилизира тимот, тврди „Тутоспорт“.

Раководството на Јувентус уште минатото лето го сакаше Германецот и е фаворит за неговиот потпис.