Трамп се уште ја изневерува Меланија?!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Мајкл Волф, автор на книгата „Оган и бес“ за Донлад Трамп, во текот на гостувањето во шоуто Била Махера, потенцираше дека американскиот председател во овој момент има љубовница.

„Постои нешто во книгата во што сум апсолутно сигурен, но едноставно немав конечен доказ“ рече тој.

„Има ли врска со жените?“ праша Махер.

„Немав плав фустан“ одговори Волф, мислејќи на славниот плав фустан кој беше доказ дека Бил Клинтон имаше афера со Моника Левински.

„Значи жена е?“ одговори Махер, на што Волф кратко возврати со „Да“.

„Аха, значи постои некоја со кого Трамп е во врска?“ рече водителот.

„Да, само треба да читате помеѓу редови“ одговори Волф.

Овие обвинувања стигнуваат неколку дена откако беше објавено дека порно глумицата Сторми Даниелс спиела со Трамп во 2006 година кога му се роди синот Барон. И Трамп и Даниел тоа го демантираа.