Актуелно

Трамп: Ме радува претстојната средба со папата


Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе му биде голема чест да се сретне со папата Фрaнсис, во текот на претстојната посета на Италија.

Многу сум среќен за средбата со папата, рекол Трамп на заедничката конференција за новинари со италијанскиот премиер Паоло Џентилони, по разговорот за подготовка на самитот на лидери на Г7, кој треба да се одржи на 26 и 27 мај во Таормина, Сицилија. Претходно, тој ќе присуствува на самитот на НАТО во Брисел, пренесува Макфакс.

Вообичаена практика е лидерите да ја известат Светата столица неколку месеци однапред за барање за аудиенција кај папата, наведува агенцијата AFP.

Сепак, официјални лица на Ватикан и на Белата куќа рекоа дека настојуваат да организираат средба.




Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!

Copyright © 2017 Лав Медиа Груп

To Top
Connect!