Трамп признава: Односите со Русија се опасно лоши, но јас не сум крив за тоа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Американскиот претседател Доналд Трамп призна дека односите со Русија се на најопасната и најниска точка во историјата“, но во свој стил Трамп се огради од одговорност.

Тој на „Твитер“ објави дека луѓето за таквата ситуација треба да му се заблагодарат на Конгресот. „На истите тие што не можат да ни обезбедат здравствена заштита“, напиша Трамп.

Американскиот претседател 24 часа пред оваа објава ја потпиша одлуката за воведување нови санкции против Русија.

Од Москва веднаш порачаа дека односите со американската администрација се многу лоши, а рускиот премиер Дмитриј Медведев истакна дека нема надеж оти тие може да се поправат“.