Трамп не ја исклучи воената опција за Венецуела


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Вашингтон не ја исклучува воената опција за Венецуела, како одговор на ескалацијата на политичката криза во таа земја и обидите на претседателот Николас Мадуро да ја консолидира власта.

„Имаме многу опции за Венецуела, вклучувајќи и потенцијална воена опција, ако биде потребно“, изјави американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува ТВ 24вести.

Администрацијата на Трамп претходно лидерот на Венецуела го нарече диктатор и покрена санкции против него.