Трамп ја добива битката за WC шолјата


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Меѓу стотиците регистрирани брендови во Кина што не му припаѓаат на Доналд Трамп има Трамп веце шолја, Трамп кондом, Трамп пејсмејкер, па дури и хотел Трамп интернешнл.

По една деценија правни битки во кинеските судови, се очекува претседателот на САД да извојува несекојдневна победа: право на сопственото име.

Доцната победа на Трамп во битката да го врати правото на изведување градежни услуги под неговиот заштитна трговска марка би можело да сигнализира дека ќе му се смени среќата во поглед на неговата интелектуална сопственост во Кина.

Во игра се 49 барања за заштитен регистриран бренд, сите поднесени за време на неговата кампања, и 77 веќе регистрирани во негово име, од кои повеќето ќе треба да бидат обновени додека му трае мандатот.

Случајот исто така ја отвора можноста дека претседателот би можел да преземе контрола врз над 225 брендови поврзани со Трамп во Кина што не му припаѓаат нему.

За некои ова исто така укажува како напорите на Трамп да ја консолидира контролата врз неговиот бренд би можеле да се искористат да се прошири или прекине наклонетоста, особено во земја како Кина каде судовите и бирократијата се под влијание на владејачката Комунистичка партија и ги одразуваат политичките императиви на високото раководство.

Во меѓувреме, производителот на луксузните Трамп веце шолји Шензен Трамп Индастриал се соочува со моќен непријател, но тие велат дека ќе си го бранат брендот, дури и ако тоа значи судска битка со американскиот претседател.

Коосновачот Жонг Џије вели дека неговата Трамп веце шолја, која датира од 2002 година, нема никаква врска со претседателот Трамп. Тој објаснува дека англиската буква U одговара убаво за лого, бидејќи има форма на даска од веце шолја.

Од компанијата велат дека корисниците ги употребуваат Трамп веце шолјите повеќе од 100 милиони пати годишно, а производот се користи и во резиденцијата на кинескиот претседател Ши Џинпинг.