Тракторист од виничко Липец загина во несреќа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Управувајќи трактор, вчера претпладне 51годишен жител на виничкото село Липец излетал од патот и загинал, соопшти СВР Штип.

Несреќата се случила во 9.40 часот, на локалниот пат од селото Липец до крстосницата со Р 1304 кон Виница. Според полицијата, трактористот М.П. починал веднаш.

Увид извршила екипа од полициската станица во Виница, а со согласност на јавен обвинител, телото на починатиот потоа е предадно на семејството за погреб.