Ај не заебавај

Трагикомично лудило: Борците од ИСИС бегаат од Мосул преправени како жени


Бескупулозните припадници на ИСИС од Мосул прибегнуваат кон сите можни начини да ја избегнат ирачката правда. Некои од нив се крајно очајни (како за мажишта какви што се правеа додека ровареа низ Мосул), па пробуваа да избегаат преправени како жени. Нормално, неуспешно. Лажните мантии, фустани, градници и перики тешко дека ќе им помогнат да се провлечат низ прстите на правдата.

Како дел од меѓународната коалиција предводена од САД, ирачките сили во октомври 2016-та почнаа голема офанзива против ИСИС во Мосул на северот на земјата – најголемиот ирачки град контролиран од т.н. Исламска држава, која пред три години таму го втемели својот калифат над делови од Ирак и Сирија. Падот на Мосул го означи и официјалниот крај на половина од калифатот на ИСИС.

Извор: 365


loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top