ТРАГЕДИЈА: Загина каскадерка на снимањето на Deadpool 2


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Изведувајќи сцена со мотоцикл, во Ванкувер на снимањето на филмот „Deadpool 2“, во кој главната улога ја толкува Рајан Рејнолдс се случи вистинска трагедија: загина една каскадерка, чие име засега не се соопштува.

Присутните прво помислиле дека се работи за дел од сцената во филмот, но набрзо сфатиле дека несреќата не била намерна.

„Можеме да потврдиме дека каскадерка загуби живот на сетот на Дедпул“, соопштија од полицијата.


Според изјавите на очевидци, каскадерката изгубила контрола над моторот и се удрила во стакло на студиото, кое се наоѓа во Ванкувер. Претходно, истиот маневар успешно го извела четири пати.

„Ужасно сме потресени од она што се случи на сетот. Нашите мисли и молитви се со семејството, пријателите и колегите на настраданата“, порачаа од студиото Фокс.


Премиерата на “Deadpool 2” e закажана за јуни 2018, а главните улоги ги играат Рајан Рејнолдс и Џош Бролин.

Рејнолдс на својот твитер изрази длабоко сочувство за загубата на членот од екипата.