Трагедија во Мајами: Неколку лица загинаа при пад на пешачки мост (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Неколку лица ги загубија своите животи во четвртокот, кога пешачкиот мост кој се наоѓаше во непосредна близина на меѓународниот универзитет Флорида се урна на автопат со шест коловозни ленти, пренесува NBC News.

Мостот свечено е отворен во саботата, но сѐ уште не бил пуштен во сообраќај. Покрај тоа, ниту студентите не биле во универзитетскиот кампус, бидејќи траат пролетните распусти.

Очевидци за локалните телевизии изјавиле дека паднал врз неколку автомобили. Огромна дигалка и бројни возила на итната помош биле испратени на местото на несреќата за да ги евакуираат настраданите.

Според телевизијата CNN, која се повикува на полициски извори, потврдена е смртта на неколку лица, но нивниот број не се прецизира, но се наведува дека повредени се меѓу пет и седум луѓе.

Во извештајот на ABC News се наведува дека мостот паднал врз пет или шест автомобили. Под остатоците, веројатно има преживеани, а припадници на спасувачките служби се обидувале да ги извлечат.