Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓
Денес околу 17.20 во сообраќајна несреќа што се случи на регионалниот пат Кичево-Македонски Брод помеѓу село Србјани и село Староец животот го загуби бебе старо само 3 месеци.
Во несреќата учествувале две патнички моторни возила и едно товарно моторно возило.
Пет лица се повредени и со итната медицинска помош се пренесени во Медицинскиот центар во Кичево.
Од АМСМ информираа дека сообраќајот се пренасочува по алтернативен пат.