Трагедија: Легендарен фудбалер на Динамо пронајден мртов во гаража!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Поранешниот прославен фудбалер на Динамо Загреб, Звјездан Цветковиќ, пронајден е утрово мртов во гаража во Загреб, пренесоа хрватските медиуми.

Звездан Цветковиќ е роден во Карловац на 18 април 1960 година, а најголем дел од кариерата минал во Динамо Загреб, во периодот од 1982 до 1987 година одигра девет натпревари за репрезентацијата на поранешна Југославија.

Тој е дел од легендарната генерација на Динамо која во 1982 година ја освои шампионската титула во Југославија. За Динамо одигра 194 натпревари, постигна 12 голови.

Кариерата, поради тешка повреда, ја завршил во дресот на Валдорф Манхајм. По завршувањето на кариерата работеше како тренер во Динамо, Сопот и Борац од Бања Лука.

„Со длабока тага известуваме дека почина легендарниот фудбалер на Динамо Звездан Цветковиќ еден од најдобрите играчи од незаборавната генерација која во 1982 година ја освои титулата во првенството на Југославија“, објави Динамо Загреб.

Причината за смртта не е позната, но како што пренесуваат хрватските медиуми станува збор за природна смрт.