Актуелно

Трагедија го потресе Скопје: Се обеси 60 годишен маж!


Вчера околу 12:30 часот, се обеси маж во неговиот дом во Скопје, а случајот во МВР бил пријавен од страна на неговиот син.

Шеесетгодишниот Б.А. бил пронајден обесен во остава надвор од куќата од страна на неговата сопруга, која го пресекла јажето и го симнала телото на починатиот на подот.

Од страна на екипа од Итна медицинска помош во 13 часот била констатирана смрт. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Скопје, информираат од полицијата.

По наредба на Јавен обнител, телото на починатиот било предадено во Институтот за судска медицина за обдукција.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top