Тоти нескромно: Јас денес ќе вредев 200 милиони!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тоти целата своја кариера ја помина во Рома, а денес вели дека воопшто не жали за тоа, иако можел да бира каде ќе игра.

Своевремено го одби Реал Мадрид, а играјќи за Рома не освои голем број на трофеи, па не доби шанса да ја освои и „Златната топка“.

„Најинтригантна понуда да заминам од Рома за мене беше таа на Реал Мадрид во сезоната 2003/04. Направив прецизна одлука, останав во Рома иако можев да освојувам трофеи во Реал. На крајот добив се што посакував – љубов и страст, а тоа ми беше поважно од трофеите. Давав 101% од себе за Рома и таа беше пред се во мојот живот“, изјави Тоти.

„Единствено нешто што навистина го пропуштив беше Златната топка. Знаев дека имам поголеми шанси да ја освојам ако играм за Реал, Милан или Јувентус. Обично мора да ја освоите Лигата на шампиони за да бидете најдобар играч во светот, а јас не успеав во тоа“, заклучи Тоти.

На прашањето колку би чинел тој денес на трансфер пазарот, нескромно одговори:

„Па сигурно би вредел барем 200 милиони евра“, низ смеа одговори италијанскиот маестро.