Тотенхем конечно се разбуди – донесе засилување од 35 милиони


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Тотенхем е единствена екипа од врвот која во летниот преоден рок не донесе ниту едно засилување, но англиските медиуми пренесуваат дека тоа ќе се промени во наредните денови.

Имено, „Спарси“ го договориле трансферот на 21-годишниот дефанзивец на Ајакс и колумбиски репрезентативец, Давинсон Санчез.

Колумбиецот минатата сезона блесна во дресот на Ајакс и го привлече вниманието на многу европски гиганти.

За него интерес покажуваа Барселона и Интер, но Тотенхем успеа да ја победи конкуренцијата и да го донесе во Лондон.

Како што пренесуваат медиумите на Островот, Тотенхем за неговиот потпис ќе плати 35 милиони евра, а трансферот треба да биде комплетиран во наредните денови.