Тораница повторно почнува со работа


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Rудникот за олово и цинк Тораница од Крива Паланка повторно почнува со работа. За рестартирањето Минстрој во Македонија ја основаше фирмата Булмак 2016, која доби дозвола за експлоатација на олово и цинк која во август годинава го рестартираше производството и во рудникот Злетово во Пробиштип.

Минстрој ќе ги менаџира Злетово и Тораница за годишна концесија од два милиона евра. По потпишувањето на договорот, концесионерот најави дека ќе ги врати на работа околу 1000 вработени во два рудника, со кои претходно стопанисуваше компанијата Индо Минерали.

Во рударскиот сектор, кој учествува со 1,5 проценти во БДП на државата, се ангажирани околу 13.000 работници. Индексот на индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во период јануари – јуни годинава, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 3,5 проценти, а на бројот на работниците 1,4 проценти.