Топлото време продолжува и во среда


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, поизразен попладне и вдолж повардарието.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 6 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 16 до 25 степени.

Во Скопје и околината слично време со утринска температура околу 5 и дневна до 24 степени.

До крајот на работната недела ќе се задржи топлото време. Преодно наоблачување ќе има во четврток со појава на повремен краткотраен дожд во попладневните часови. Максималните температури нема многу да се менуваат,а утрински негативни температури не се очекуваат.

За време на викендот краткотрајно ќе дува постуден северен ветер, ќе би де се посвежо и ќе преовладува зголемена облачност. Ќе има и повремени врнежи од дожд претежно во западните и северните делови од земјата.