Топлотен бран во Македонија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Македонија денеска ќе биде под влијание на топлотен бран од жолта фаза, најави УХМР.

Поради високите температури, Министерството за здравство препорачува да се избегнува директна сончева изложеност и престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека, заштитни очила и капа, консумирање лесна храна и течности, најдобро обична вода и избегнување алкохолни пијалаци.

МЗ посебно препорачува хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија.

„Во текот на ваквите екстремно топли денови, останете во затворени простории, пред сè климатизирани, а при неопходен престој на отворен простор најдете можност за почести одмори под сенка. Пред влегување во возило, тоа да се проветри, да се внимава при подготовка и консумирање на храната, да се избегнуваат термички необработени производи, како мајонез од домашни јајца, и внимателно да се јадат сладолед и разни кремови“, се препораките на Министерството.

До крајот на оваа и во текот на идната недела температурите ќе бидат над 30 степени Целзиусови, а долж Повардарието и над 35.