Топлес против Берлускони (видео)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Кога бившиот италијански премиер Силвио Берлускони стигна на гласачкото место за да го оствари своето гласачко право, топлес активистка од движењето ФЕМЕН му скокна на маса порачувајќи му дека неговото време е изминато.

Со црн маркер на градите ѝ беше напишано „Берлускони, вашето време истече“, а на грбот ѝ беше напишан зборот ФЕМЕН. Берлускони веднаш си замина од гласачкото место.

Денеска во Италија се одржуваат парламентарни избори, а според анкетите постои можност некогашниот премиер Берлускони, да освои најмногу пратенички места, но не и парламентарно мнозинство. Ова не е прв пат на 81-годишниот Берлускони да се соочи со топлес активистка од ова движење.