Том Харди одговори на гласините – кој ќе биде следниот 007?


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Том Харди сè почесто се споменува како потенцијален кандидат за улогата на тајниот агент 007. Актерот го потврди својот интерес за оваа улога, но не сакаше да разговара на таа тема.

„Меѓу нас актерите, но и меѓу моите пријатели кружат гласини дека ако зборуваш за некоја улога, тогаш веднаш си испаднал од трката за таа улога. Така што, не можам да коментирам“, изјави Харди во разговор за Daily Beast, на прашањето колку има вистина во тоа дека тој ќе го глуми Џејмс Бонд.

Сепак, додаде дека, во зависност од тоа кој би го режирал, би прифатил да го глуми Џејмс Бонд и не можеше да го сокрие воодушевувањето кога новинарката спомена дека Кристофер Нолан би можел да ја преземе франшизата за серијалот акциони играни филмови со тајниот британски агент 007.

„Кристофер Нолан би бил совршен. Тоа би било навистина кул. Се прашувам како тогаш би изгледало продолжението бидејќи Нолан во франшизата сигурно би вовел нови елементи и би создал нешто моќно“, изјави Харди.

Во филмските кулоари одамна кружи муабетот дека Даниел Крег нема да глуми по петти пат во улога на 007. После неговата изјава дека побрзо „би си ги пресекол вените“ отколку да сними свој петти филм за Бонд, дојде до интензивно нагаѓање за тоа кој би можел да го наследи. Меѓу потенцијалните кандидати се шушкаат имињата на Харди, Том Хидлстон, Идрис Елба, Џејми Бел и Том Хјус.