Том Брејди и Жизел Бундхен – осум години брачна идила и „еден тон пари тежок брак“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Американскиот рагбист Том Брејди и неговата избраничка, супермоделот Жизел Бундхен, се еден од најбогатите и најславните парови на светот.

Во брак се осум години, а според податоците кои ги пласира Celebrity Net Worth овој пар тежи фантастични 540 милиони долари.

Том Брејди и Жизел Бундхен се запознаа преку заеднички пријател во 2006 година. Меѓу нив веднаш се разви хемија, а се венчаа во февруари, 2009 година.

„Ми се насмевна кога го видов прв пат и си помислив дека таа е најубавата и најхаризматична насмевка која сум ја видела во животот“, изјави Бундхен за Vanity Fair.

Ноќта кога се запознале, разговарале три часа, а тие разговори станале нивна традиција.

„Од денот кога се запознавме, па до денес, не сме поминале ниту еден ден а да не разговараме еден со друг“, вели убавицата.

Сепак, не било сè така едноставно. Набрзо откако ја запознал Жизел, Том ја прекинал врската со тогашната девојка Бриџит Мојнахан, но по два и пол месеци испадна дека таа е бремена. Така, во август 2007 година, Брејди го доби синот Џек, а Жизел за Vanity Fair раскажува како ситуацијата била навистина предизвикувачка, но успеале да ја пребродат на најдобар можен начин.

Според пишувањата на New York Daily News, Брејди ја запросил Жизел на почетокот од 2009 година, пред нејзините родител, за време на приватен лет. Се венчаа на 26 февруари, 2009 година, а како што откри Брејди за GQ списанието, венчавката ја планирале само 10 дена. На церемонијата присуствуваа најблиските членови од нивните семејства, а друга церемонија и забава направија на Костарика.

Денес имаат две деца, синот Бенџамин Реин и ќерката Вивиен Лејк. Жизел секогаш истакнува колку го сака Џек, синот на Брејди од претходната врска, а со бившата од Том, Бриџит, е во пријателски односи. За Business Insider откри дека таа и нејзините деца, поради здравствени проблеми и од еколошки причини, јадат главно „богата растителна храна“.

Таблоидите своевремено пишуваа дека овој славен брачен пар е пред развод, а Бундхен во една прилика призна дека таа и Том имале неколку тешки периоди.

„Сите имаме одредени предизвици со кои се соочуваме во животот. Одлично е да имате карпа на која секогаш можете да се потпрете и која може да ви понуди поддршка која ви е потребна“, одговори Брејди на озборувањата.

Бундхен неколку пати нагласи дека го сака својот сопруг со сето свое срце.

„Тaa е најпозитивната и најенергична линчност која сум ја запознала во животот“, не штедеше ни Брејди коментари за својата сопруга во интервју за Vanity Fair.