Токсичен шок е причината за смртта на младата трудница во Штип


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Токсичен шок е најверојатно причината за смртта на трудницата која во понеделникот почина во болницата во Штип.

Вчера лекарскиот тим на болницата информираше дека трудницата била во деветтиот месец на бременоста и во неделата со висока температура се јавила во итната помош. Тука добила соодветна терапија, но ситуацијата не ѝ се подобрила и во понеделникот со упат од матичниот гинеколог, со симптоми на дијареа дошла на гинеколошкото одделение во болницата во Штип.

Пациентката тука западнала во шок, па лекарите цели три часа се обидувале да ја спасат и мајката и бебето, пробале да ја породат со царски рез, но машкото бебе било извадено починато. На трудницата ова ѝ била прва бременост.

Обдукцијата треба да ги покаже точните причини за смртта на трудницата. Лекарите велат дека со ваков случај за првпат се соочуваат во штипската клиничка болница. Најавено е дека случајот ќе го испитува и стручна комисија на Министерството за здравство.