Тојота има патент со кој нема повеќе да губите работи в кола!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Ако сте еден од многубројните кои редовно му паѓаат работи помеѓу седиштата и централната конзола, Тојота направи патент со кој ќе ве израдува.

Тојота патентираше систем наречен ’Under Seat Capture Device’, а кој олеснува да дојдете до сите парички, клучеви и разни други ситни предмети кои ви паѓаат од џеп и ви заглавуваат во тесниот простор помеѓу седиштата.

Станува збор за мошне едноставно дизајнерско решение кое предвидува вградување на неколку нови делови. Начелно, секој предмет што ќе падне во меѓупросторот, сега по едно закосување како тобоган, ќе заврши во посебна фиока под седиштето.

Засега е непознато кога и дали Тојота ќе го вгради овој систем во стандардните модели.