22 години живее во замок од песок, не плаќа сметки и секогаш е близу до морето (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Маторијас е самец и нема деца, се дружи со луѓето кои ја посетуваат плажата и ужива голема почит.

Марсио Мизаел Маторијас веќе 22 годни не плаќа кирија за стан во Рио де Женеиро. Цело време овој човек живее во дом кој го направил од песок.

Песочниот замок го изградил на плажата Бара де Тијуца, а себеси си направил и круна за приказната да биде доследна. Меѓу локалното население е познат под името „Крал“.

Позирањето пред замокот со туристите за Кралот не е проблем. „Одраснав во заливот Гуанабара, и отсекогаш сум живеел на плажа“, вели 44 годишниот Маторијас.

„Луѓето за куќи близу до морето плаќаат огрмони суми, а јас не плаќам ни кирија ни сметки“, изјавува Маторијас.

Во песочниот замок има простор од само 3 метри квадратни, но Маторијас вели дека тоа е доволно простор за неговите работи, вклучувајќи го големиот број на книги.

Нормално, Маторијас мора редовно да го одржува замокот за да не се исуши и сруши.