Тој е најпродаваниот филм на сите времиња режиран од жена


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Филмот за култната суперхеројка од 1970-те години, Wonder Woman, заработи повеќе од 620 милиони долари за три недели прикажување во кино салите ширум светот. Тоа го прави најпродаван филм на сите времиња чија режија ја потпишала режисерка, а во овој случај заслугата оди кај Пети Џенкинс.

Џенкинс е позната и по нејзината криминалистичка драма Monster од 2003 година, во која глумеше Шарлиз Терон која доби Оскар за таа улога. Интересен податок е дека 46-годишната американска режисерка 14 години нема ништо режирано помеѓу овие два споменати филма. Во 2011 година беше ангажирана на филмот Thor, но проектот го напушти за помалку од два месеци поради, како што наведе таа, креативни разидувања.

Wonder Woman ја донесува приказната за амазонската воинка и бесмртна Зевсова ќерка која ја глуми израелската актерка Гал Гадот. Филмот изнуди многу подобри реакции кај публиката од многу други нови филмови со суперхерои како Suicide Squad или Batman vs. Superman.