Авто мото

„То шиба ко лудо“: Новиот Bentley Bentayga е жесток ѕвер на патиштата (видео)


Bentley Bentayga можеби е луксузен теренец со маса од 2.440 килограми, но перформансите со кои располага воопшто не заостанува зад најдобрите спортски автомобили на денешницата.

Од видеото кое е во прилог подолу, се гледа дека овој теренски ѕвер од 0 до 100 км/час развива за четири секунди, а од 120 до 199 км/час за 10 секунди. Овие перформанси се доволни за Bentayga без проблем да биде избор како замена за некој спортски луксузен автомобил.

А што да очекувате од вакво возило, кое под хаубата има машина која е составена од 6.0 W12 мотор со 608 коњски сили и обртен момент од 900 Nm. Додуша, не е ни баш евтин. Основниот модел чини 220.000 евра, но ако се заиграте со дополнителна опрема, лесно можете да набилдате сметка од 680.000 евра.

Коментари

loading...
Најсвеж македонски забавен портал... и нешто повеќе!


Учество во игри на среќа е дозволено за лица со 18+ години. Играј одговорно!

To Top