Таратур

Тежок период за Пике – се разведува со Шакира

Колумбиските медиуми пренесуваат дека ѕвездата на Барселона, Жерар Пике и поп-пејачката Шакира повеќе не се во врска.

Наводно, Шакира го напуштила семејниот дом во Барселона, а двојката последен пат заедно е видена на свадбата на Лионел Меси и Антонела Рогузо во јуни годинава. Засега ниеден од нив не го потврдува раскинот, но ова не е првпат да се зборува на оваа тема во медиумите.

Пике и Шакира се запознаа на снимањето на видео спотот за официјалната нумера за Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, а беа во врска седум години и од бракот имаат две деца: Милан, кој е 4 години и Саша, 2 години.

Деновиве, стигна најава дека официјалното лице за односи со јавноста на славниот пар ќе излезе со официјално соопштение и тогаш дефинитивно ќе се знае вистината за нивниот брак.