Таратур

Тевдовски порачува: ДДВ се враќа без да се фаворизираат фирми

Повратот на ДДВ навреме се исплаќа од трезорот со што во фирмите се вбризгува ликвидност, без притоа да се фаворизираат некои компании, порача министерот за финансии Драган Тевдовски на средбата со компаниите од Делчевскиот регион.

„Во овие неколку месеци се ослободува деловната клима, без политички стеги и притисоци, а ДДВ се враќа без фаворизирање со што се вбризгува ликвидност во компаниите“, изјавил Тевдовски.

За зголемувањето на минималната плата, Тевдоски со појаснување дека истакна дека ваков инструмент се користи во две третини од земјите на ЕУ, а државата има определено 90 милиони денари месечна поддршка за претпријатијата за оваа намена.