Тевдо по трет пат татко – на свет дојде третата ќеркичка


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Министерот за финансии, Драган Тевдовски, по третпат стана татко. Неговата сопруга Анита  на свет ја донесе третата ќерка во семејството. Драган и Анита  имаат две ќерки, а од денеска тие добија уште една сестричка.

Третата ќерка го заокружува среќниот семеен круг на Анита и Драган, кои ги имаат Ема и Каја.

Тевдовски пред да стане министер, предаваше квантитативни методи во финансии и статистика за бизнис и економија на Економскиот факултет во Скопје. Многумина го знаат и како љубител на спортот, посебно кон трчањето кое и денес го практикува настапувајќи на градски и планински трки.

Неговата сопруга Анита во младоста беше дел од музичката сцена во Македонија. Таа беше дел од групата Ин.