Тетовка претепана од невенчаниот сопруг


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Триесет и четиригодишната Р.С. од тетовското село Требош, вчеравечер околу 21 часот и 30 минути пријавила семејно насилство од нејзиниот невенчан сопруг М.А. (33) и побарала кривичен прогон.

Половина час пред тоа, сопругот физички ја нападнал удирајќи ја со шлаканици по лицето, ја влечел за коса и врат и потоа ја турнал во металната ограда, а на нападот му претходела меѓусебна вербална расправија помеѓу двајцата сопружници, информираат од тетовската полиција.

Со видливи повреди на лицето (крвава аркада и друго ), Р.С. избегала и се заклучила во бањата, а М.А. заминал.

Нешто подоцна, тој е лишен од слобода, задржан е во Полициската станица Тетово, а потоа е пуштен. Се превземаат мерки и активности за расчистување на случајот, по што пријавениот ќе се соочи со соодветен поднесок, информираат од СВР Тетово.