Тешка сообраќајка во Демир Хисар помеѓу автобус и комбе – повредени 30 ученици!

сообраќајна несреќа

Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Утрово околу 7:30 часот, на патниот правец Демир Хисар – Кичево се судрија автобус во кој се превезувале 30 ученици од  ОУ “Гоце Делчев“-Демир Хисар и комбе.

-Утринава се случила сообраќајна незгода помеѓу комбе со битолски регистарски ознаки управувано од С.С.(56) од Крушево и автобус исто така со битолски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, управуван од З.С.(49) од с.Единаковци, Демир Хисар, а во кој се превезувале околу 30 ученици од ОУ “Гоце Делчев“-Демир Хисар, информираат од МВР.

Оттаму додаваат дека при несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на комбето, а со телесни повреди се здобиле учениците.

-На истите им била укажана лекарска помош во Клинички центар Битола. Сообраќајот не бил во прекин и извршен е увид на местото на настанот, велат од МВР.