Тешка навреда за Барса: Еве зошто Саркози беше исфрлен од „Камп Ноу“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шпанското „Радио Каталуња“ пренесе навистина невројатна информација од ложата на „Камп Ноу“ за време на натпреварот помеѓу Барселона и ПСЖ.

Шпанскиот шампион приреди вистинско чудо и со историски пресврт ја анулираше разликата од четири гола од првиот меч па се пласираше во четвртфиналето.

На реванш натпреварот во Барселона присуствуваше и поранешниот претседател на Франција, Никола Саркози кој беше исфрлен од ложата на „Камп Ноу“.

Причината е неверојатна. Имено Саркози извикал „Hala Madrid“ (Напред Мадрид) во моментите кога Едисон Кавани постигна гол за 3:1.

Веднаш дошло обезбедувањето и го замолиле да го напушти своето место, а со оглед на тоа дека бившиот француски претседател се бунел, морале да го исфрлат од ложата.

„Радио Каталуња“, сарказтично или не, потенцираше дека на Саркози му било дозволено да се врати на своето место откако Барселона направила пресврт.